Пред присутните најпрво се обрати Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој М-р Никица Бачовски.
Присутните имаа можност да се запознаат со сите услови, критериуми и видот на финансиската поддршка којашто оваа програма ја нуди. Покрај развојот на земјоделското производство и преработка, оваа програма ги финансира и инвестициите во микро- индустријата, занаетчиството како и капацитетите кои нудат ресторантски и сместувачки услуги во руралните средини.