Официјално, македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска има нов предизвик во својата кариера која ќе ја продолжи во Романија.
Од 2018 година нашиот чувар на мрежата го носеше дресот на француската Ница од каде ја потврдија разделбата со Македонката.
Воедно од Ница информираа дека од следната сезона 22-годишната Мицевска ќе ги брани боите на Слатина.
Слатина сезонава играше во најквалитетната романска лига, но не успеа да се избори за опстанок.
Пред да се пресели во Франција, Мицевска играше за женскиот ракометен клуб Вардар.