8.8 C
Vinica
четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Драматични квалификации во Монте Карло – Ферстапен ја освои пол-позицијата

    Макс Ферстапен ја освои пол-поцзицијата во пресрет на трката за Големата награда на Монте Карло. Актуелниот првак, во последниот круг, во последниот сектор го надмина времето на Фернандо Алонсо. Трагичар во квалификациите е Серхио Перез, кој по една блиска средба со ѕидот, на почетокот ги заврши квалификациите. Мексиканецот ќе стартува последен со што остана без шанса да ја брани победата од минатата сезона.

    Ферстапен и Алонсо ќе стартуваа од првиот ред, вториот го формираа Шарл Леклер (Ферари) и изненадувањето Естебан Окон (Алпин).

    Во третиот ред се вториот возач на Ферари, Карлос Саинц и Луис Хамилтон од Мерцедес. Во четвртиот ред се Пјер Гасли (Алфа таури) и Џорџ Расел (Мерцедес). Место во првите 10 на стартот изборија Јуки Цунода (Алфа Таури) и Ландо Норис (Мекларен).

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.