17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    До 9741 лозаропроизводител исплатени 442.6 милииони денари дополнителни директни плаќања за остварено производство на грозје

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје.

    Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.

    По оваа основа се исплатени 442 милиони денари за 9751 лозаропроизводител.

    Висината на директните плаќања е 40.000 денари по хектар.

    И оваа година ја запазуваме традицијата, односно поддршката за лозаропроизводителите доаѓа во пресрет на празнувањето на Свети Трифун – заштитникот на лозарите.

    Исто така Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на крајот на 2023 година ја изврши исплатата за мерката за оддржување на лозови насади, со што со реализација на денешната исплата,  вкупната поддршка која ја добиваат лозарите е 52.000 денари по хектар.

    Лозаропроизводителите се и корисници на поддршката за субвенционирање на горивото за земјоделската механизација – зелена нафта за која во 2024 година во пресрет на бербата производителите на грозје ќе добијат субвенција за дизел гориво од 9.600 денари  по хектар.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.