Денес во беровско Русиново, се одржа чествување по повод 117 годишнината од смртта на македонскиот великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев.
Големиот македонски револуционер Даме Груев, загина на 23 декември 1906 година во борба кај месноста Петлец, близу село Русиново.
По тој повод, делегацја на ООЕ на ОРОРСМ од Берово-Пехчево предводена од претседателот Васе Пиличевски, положи свежо цвеќе пред бистата на Даме Груев, а пред присутните, во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.