17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Буџетот на Општина Виница за 2024 година

    Со 8 гласа ЗА, 5 ВОЗДРЖАНИ И 2 гласа ПРОТИВ, е усвоен Буџетот на Општина Виница за 2024 година, на последната Седница на Советот на Општина Виница, одржана на 25.12.2023 година
    Буџетот на Општина Виница за 2024 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструкторни проекти, проекти од областа на кулурата и спортот, локален економски развој, социјална заштита, животна средина, енергетска ефикасност и противпожарна заштита.
    Буџетот на Општина Виница за 2024 година е изработен водејки се од начелото на почитување на принципот на буџетска дисциплина и транспарентност и врз основа на :
    1. Насоките за подготовка на буџетите на единиците на локалната самоуправа за 2024 година добиени од Министерството за финансии во кои се содржани: основните макроекономски индикатори за 2024 година, посебните параметри за распределба на ДДВ на општините и информација за блок дотациите за општината што ќе се трансформираат во Буџетот на Република Македонија;
    2. Програмите на Општина Виница за 2024 година;
    3. Реализација на Буџетот на Општина Виница за 2023 година;
    4. Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
    Во согласност со овие насоки и проекции вкупниот Буџет на Општина Виница за 2024 година е проектиран на износ од 363.214.000 денари

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.