8.8 C
Vinica
четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Би сакал да ве земам со мене назад во Чикаго

    Музичарот од Чикаго, Мад Морганфилд, синот на славниот блузер Мади Вотерс, го круниса четвртото издание на скопскиот „Котон блуз фестивал”, потврдувајќи го своето длабоко блуз-педигре.

    Морганфилд ја воодушеви публиката со специфичниот, моќен вокал и харизматичното присуство на сцената, а на концертот беше придружуван од локалниот блуз бенд „Ин д Муд”, овојпат во проширен состав.

    Бендот го сочинуваа Сашо Ѓорѓевски на усна хармоника, Никола Петровски на гитара, Горан Попоски на тапани, Оливер Јосифовски на контрабас и Филип Димушевски на клавијатури, а тоа што особено го воодушеви и самиот Морганфилд беше инстант хемијата што овие македонски музичари ја имаа со него на сцената, иако токму овој настап им беа првите заеднички отсвирени ноти со блузерот од Чикаго.

    Морганфилд, во ниту еден момент од настапот не го криеше задоволството од тоа како нивната соработка звучи на сцената, па повеќепати им отстапуваше на секој од нив простор да се истакнат со свое соло, нешто што наидуваше на одобрување и од публиката. Во еден момент, славниот музичар јавно порача дека посакува да има и други можности да свири со овие македонски музичари.

    Ви се верува ли дека немавме ниту една проба со момциве. Колку би сакал да си ги спакувам со мене во куфер и да си ги однесам назад во Чикаго – кажа Мад пред прополната сала во МКЦ, задоволно климајќи со главата од тоа што го слуша и гледа на сцената.

    фото: Марија Ѓаковска

    Пред настапот на Морганфилд, втората вечер на фестивалот ја отвори Ади Имери со соло настап, кој во, најмала рака, може да се карактеризира како уникатно инструментално доживување со кое ги замолкна присутните во салата и им го зграби целосното слушачко внимание.

    Ден претходно на фестивалот настапи Мухамед Ибраими со соло концерт. Веќе познат на јавноста, Ибраими повторно покажа дека е вистински музички уникат и направи одлична атмосфера со акустичен гитарски звук низ кој покрај блуз, провејуваа и фламенко ноти.

    По Ибраими свиреа „Троја бенд” од Радовиш со својот специјален гостин Игор Атанасоски, попознат како Гуру Харе, додека првата вечер заврши со мистичниот настап на триото од Данска „Трејнмен блуз”.

    По двата фестивалски дена одржани во МКЦ, позитивни впечатоци доаѓаат и од организаторите, здружението „Блуз Фамилија”.

    Ова е нашот најуспешен фестивал досега. Благодарност до сите што присуствуваа. Мислам дека покажавме дека скопската публика е желна за вакви настани и за следната петта, јубилејна година се надеваме ќе биде уште поуспешна – порачуваат од „Блуз Фамилија”.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.