8.3 C
Vinica
недела, април 6, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

Актуелно

21 ви март- Ден на пролета

21 ви март- Ден на пролета
По повод одбележување на денот на пролета и екологијата во Општи Виница се спроведени многу активности, од засадување на садници до еколошки акции.
Оваа година Општина Виница, по тој повод набави 450 садници даб и декоративни дрвја, за уредување на градот и пошумување. Садниците даб се засадени од страна на учениците од општинските училишта и членовите на младинските организации од Блатец, Истибања и Градец, на неколку локации.
Свеста за одржување и зачувување на природата треба да се гради од најмали нозе, затоa во градинките, најмалите, љубовта кон природата денес ја изразија со засадување на цвеќиња и пренесување на пораки преку песнички и безброј насмевки.
Добредојде на пролетта и посакаа сите ученици со дефиле низ градските улици, пренесувајќи многу пораки.

Latest Posts

Не пропуштај

БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Vinica