22.5 C
Vinica
вторник, јули 1, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    19 годишник го загуби животот на Халкидики

    19 годишно момче од Македонија го загубило животот на Халкидики, потврдија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    „До македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19 годишен државјанин на Република Северна Македонија. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија“, наведено е во соопштението од министерството.

    За случајот на својот Фејсбук профил објави и Joaнис Колокитас, волонтер спасувач.

    „Дете ангел од 19 години, несреќен млад човек од Северна Македонија доживеа срцев удар откако се удави на централната плажа во Ханиоти. Веднаш реагираше спасителот на областа кој се обиде да го врати детето во живот. Пристигна екипа од здравствени работници Антонис и Катерина кои продолжија да го спасуваат, но немаше посакуван резултат, за жал. Детето беше однесено во здравствен дом со моја придружба во кабината на амбулантната помош, вештачкото дишење беше залудно“, напиша тој.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica