Украина и европското тело за човекови права на Советот на Европа вчера потпишаа договор со кој се формира основа за специјален трибунал наменет да ги изведе пред лицето на правдата високите руски функционери за злосторствата и агресијата против Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, го потпишаа договорот во францускиот град Стразбур, во седиштето на Советот.
„Ова е навистина многу важен чекор. Секој воен злосторник мора да знае дека ќе има правда, а тоа ја вклучува и Русија. Денешниот договор е само почеток. Мора да преземеме вистински чекори за да функционира. Ќе биде потребна силна политичка и правна соработка за да се осигури дека секој руски воен злосторник ќе се соочи со правдата, вклучително и Владимир) Путин“, изјави Зеленски.
Украина побара создавање на такво тело уште од инвазијата на Русија во февруари 2022 година, обвинувајќи ги руските трупи за извршување на илјадници воени злосторства.