9.7 C
Vinica
среда, април 2, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

    Одлуката дали ќе се градат или не станбени објекти во просторот на поранешниот Монопол била во рацете на сегашното раководство на општина Тетово. Градоначалникот на општината, Биљал Касами не е целосно искрен кога вели дека се било „зготвено“ уште порано. Тој исто така имал можност да го суспендира Деталниот урбанистички план изготвен во времето на Теута Арифи или да го приватизира државното земјиште откако ќе го пренамени како зона за колективни станбени објекти. Потсетуваме дека истражувањето на Порталб.мк откри дека инвеститорот добил зелено светло за изградба на станови во нетранспарентна постапка од актуелното мнозинство на Советот на општината, составено од ВЛЕН-ВМРО. Активистите критикуваат, пишува Порталб.мк.

    Четири дена по веста објавена од Порталб.мк, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, реши да се изјасни за процесот на легализација на поранешниот Монопол, но рече малку или ништо за пренаменувањето од индустриска зона за колективни станбени објекти.

    „Тоа беше процес зготвен многу порано, ние немавме можност да постапиме поинаку. Приватизацијата е извршена во 2014 година. За мене е многу индикативно што ваков важен процес на продажба на државен имот се спроведува од раководител на подрачната единица за имотно-правни прашања, потписот е негов“, рече меѓу другото Касами како одговор на прашањето на Порталб.мк.

    Тој рече дека имал законска обврска да го преобликува јавниот имот во формата во која тоа и го направил.

    „Ги обезбедив сите решенија за приватизација на овие стотици хектари земјиште во нашиот град, каде што голем дел од нив веќе се пренаменети во колективни станбени зони. Во времето кога целиот овој процес се реализирал преку приватизација, дел што не е реализиран со приватизација остана да се заврши со преобликување на имотот, што е законска обврска“, додаде Касами.

    Да, но приватизацијата на 6.817 м2 не можеше да се избегне, но можеше да се спроведе на начин со кој општината ќе добиеше повеќе пари

    Приватизацијата на земјиштето кога е наменета на индустриска зона се врши по многу евтина цена, поточно 70 денари за м2, а пак зоните за колективно домување се приватизираат по повисока цена, поточно 12.800 денари за м2.

    Фото: Табела со цените по кои се отуѓува градежното земјиште во сопственост на Северна Македонија
    Фото: Табела со цените по кои се отуѓува градежното земјиште во сопственост на Северна Македонија

    И покрај тоа, општината решила овој имот да го пренамени во време кога првично беше наменет за индустриска зона, иако беше информирана дека компанијата „ЕЛАСТАН“ ангажирала фирма за изработка на план со кој оваа зона ќе се пренамени во станбена површина.

    И двете процедури се направени во иста година.

    Ељмедина Абдулахи од Подобро за Тетово вели дека со тоа се покрева сомнеж дека се работи за злоупотреба на службената должност и намерно оштетување на буџетот на граѓаните.

    „Фактот што е постапено на овој начин отвара сомнеж за флагрантен чин на злоупотреба на службената положба и намерно предизвикување на економска штета на граѓаните. Ова е чист скандал кој ги фаворизира инвеститорите на сметка на јавниот интерес, лишувајќи ги граѓаните од потенцијални милиони евра во општинската каса“, изјави Абдулахи за  Порталб.мк.

    Касами имаше можност да го суспендира ДУП-от за оваа зона, подготвен во времето на Теута Арифи

    Да, поранешниот Монополи беше „спремен“ за продажба во 2019 година кога општинскиот совет го одобри Деталниот урбанистички план за оваа зона. Меѓутоа, праксата покажува дека во минатото плановите беа поништени и со волја на раководството.

    Тука е случајот на Шик-Јелак во 2022 година, кога на инсистирање на независните советници од Подобро за Тетово, општина Тетово одлучи да го суспендира Деталниот урбанистички план 57А изготвен во времето кога на чело на градот беше Теута Арифи.

    Ова го потврди и самиот градоначалник Биљал Касами.

    За среќа, порано имаше расправата за Шик-Јелак, и таму каде што сме имале можност да го запреме процесот на узурпирање на јавниот простор, сме го направиле тоа. Знаете дека кај Шик-Јелак, во моментот кога дојдовме на чело на градот, го суспендиравме планот и го вративме процесот од почеток“, рече Касами.

    Но, тој не даде објаснување зошто не го направил истото и за поранешниот Монопол.

    Елмедина Абдулахи вели дека Касами не само што не го суспендирал деталниот урбанистички план за поранешниот Монопол, туку и го унапредил овозможувајќи таму да се градат колективни станови.

    „Слична ситуација имаше и во 2021 година, кога претходниот совет во периодот кога градоначалник на општината беше Теута Арифи, го одобри деталниот урбанистички план и го пренамени земјиштето како Г2 (лесна индустрија). Во овој случај, Биљал Касами наместо да постапи исто како што постапи на наше инсистирање, поточно на ПЗТ во однос на урбанистичкиот план на Шик Јелак, тој го направи спротивното и не само што дозволи постапката да продолжи, туку дури и ја унапреди, пренаменувајќи го земјиштето како А2 (станбено)“, додаде Абдулаи.

    Најважно е тоа што одлуката дали таму ќе се градат станови или не, била во рацете на мнозинството во Советот на општината.

    Касами на прес-конференцијата реши да каже малку или скоро ништо за фактот што мнозинството од општинскиот совет, составено од ВЛЕН-ВМРО, со 18 гласа одлучи ЗА да се дозволи изградба на четири стана кај поранешен Монопол.

    За да го овозможат тоа, тие направија измени на Генералниот урбанистички план и Деталниот урбанистички план за овој блок, познат како блок 31А.

    „Постојат два паралелни процеси. Првично е започнат процесот на обликување на земјиштето врз основа на претходната намена, која била за индустриска зона.  Другиот процес е одобрување на планот за пренамена на тој имот, така што има два паралелни процеси кои се процеси кои се право на секој граѓанин, а не нешто што можеме да го запреме“, рече Касами за ова прашање.

    Порталб.мк ги побара имињата и презимињата на советниците кои гласаа за, против и воздржани на оваа точка на дневниот ред, но претседателот на Советот на општината Наим Исмаили рече дека тие не водат таква евиденција.

    Само броиме колку од нив гласале за, а колку против, не ги евидентираме ниту имињата, ниту презимињата на советниците“, рече Наим Исмаили.

    Елмедина Абдулахи од Подобро за Тетово вели дека во овој случај општинските советници гласале за заштита на интересите на инвеститорот, а не на граѓаните.

    „Општинските советници наместо да го штитат јавниот интерес, станаа дел од сомнителна шема за фаворизирање на инвеститорите. Градоначалникот и Советот наместо да обезбедат правично менаџирање со јавниот имот, одобрија трансакција што сериозно го оштети градскиот буџет. Советот има должност да ги советува и да ги надгледува одлуките на администрацијата, но во овој случај тоа се претвори во алатка на тесен финансиски интерес“, рече Абдулахи.

    Фото: Одлука на Советот на општината за измена на ГУП и ДУП за блокот 31
    Фото: Одлука на Советот на општината за измена на ГУП и ДУП за блокот 31

    Потсетуваме, откако Порталб.мк го објави истражувањето во врска со ова, реагираше и Алијансата за Албанците на Зиадин Села. Велат дека Касами со ова го оштетил општинскиот буџет за 2,1 милион евра.

    „Касами и општинските власти беа свесни за иницијативата за промена на ДУП и изградба на колективни станови на ова земјиште, но тие намерно го продадоа порано за смешна цена, давајќи му предност за купувачот на штета за општината. Лицемерието на „промените“. Касами не може вечно да се крие зад „минатите“ и поранешните влади, бидејќи самиот вети дека ќе донесе промени во Тетово. Во реалност, не само што ги продолжи старите практики, туку постапувал уште полошо од кој било градоначалник пред него“, изјавија од АА на Села.

    Инаку, Порталб.мк разговараше и со актуелниот сопственик на поранешен Монопол, тој потврди дека таму се очекува да се изградат четири станбени згради, притоа потенцирајќи дека целиот простор на поранешниот Монопол го купил од „Тетово табак“ за близу шест милиони евра. Тој го купи и околното земјиште по поевтина цена четири дена пред Советот на општината ја пренамени зоната од индустриска зона во зона за колективно домување.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica