За време на пост печурките се меѓу најчесто препорачаните намирници бидејќи содржат протеини па на еден начин во организмот се прави баланс бидејќи не се јаде месо. Денес ви донесуваме рецепт за мусака со печурки кои буквално го заменуваат месото.
Состојки:
500 гр шампињони исечкани на кришки
4 компири тенко исечени
2 главици кромид, ситно сечкани
1 чешне лук, ситно сечкано
1 шолја млеко од соја
2 лажици брашно
2 лажици растително масло
сол и црн пипер по вкус
1 лажичка мајчина душица
1 лажица маслиново масло
Подготовка:
1. Загрејте го маслиновото масло и пропржете го кромидот да стане проѕирен, а потоа додадете ги печурките и лукот. Пржете додека не испари целата течност и печурките не поруменат. Додадете сол, бибер и мајчина душица.
2. Во сад за печење подмачкан со масло наредете слој компири, па слој пржени печурки. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.
3. Во мало тенџере загрејте го растителното масло, додадете го брашното и кратко пропржете, па полека додајте го млекото од соја, мешајќи додека не добиете густ сос. Прелијте ја мусаката.
4. Печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути, додека компирот не омекне, а мусаката не порумени.
Фото: Принтскрин/posnajela