Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите, соопштуваат во општината.
„Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката г-ѓа Лариса Дир, која ја нагласи важноста на пријателството и солидарноста меѓу народите. Градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, истакна дека овој симболичен чин е доказ за посветеноста на Општината кон промовирање на мирот, историското сеќавање и хуманите вредности“, се вели во соопштението.