19.1 C
Vinica
четврток, јуни 5, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Нови летови од Скопје до Анкара, Дијабакир и Чукурова

    Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

    Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, а на Ajet до аеродромот Чукурова два пати недела, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември година.

    „Спојот на Скопје и Анкара ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис логистика меѓу Македонија и Турција, лесен пристап до турскиот пазар, бизнис-мобилност, туристичка и културна размена, образовна и академска соработка, поврзување на заедниците, а ќе придонесе и за дополнително унапредување на политичките и дипломатските односи”, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Со новите три дестинации, авиокомпанијата АJet од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постоечката линија до Истанбул, до аеродромот Сабиха Гокчен. Во тековната летната сезона 2025, вкупно четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија, до вкупно 6 града и 7 аеродроми во Турција. Од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид Turkish Airlines лета до Истанбул (IGA аеродром); Pegasus Airlines лета од скопскиот аеродром до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), Измир и Анталија, Ајет исто така лета од Скопје до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), а Sun Express лета од Скопје до Анталија и Измир.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica