9.7 C
Vinica
среда, април 2, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Наместо марш, трансродовите лица повикаа на солидарност и правда

    Денес, 31 март, светот ги слави животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Во Македонија, Трансформа традиционално го организира Маршот на видливост, но оваа година, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани, маршот е заменет со јавен повик за правда и солидарност.

    „Ова не е избор за невидливост, туку порака дека не можеме да одиме напред како ништо да не се случило,“ истакнуваат организаторите. Тие предупредуваат на маргинализацијата, дискриминацијата и опасноста од анти-родовите движења, кои шират страв и дезинформации.

    Трансформа повикува на заедничка борба за општество кое ќе ги препознае трансродовите лица како рамноправни граѓани, истакнувајќи дека транс правата се човекови права.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica