22.5 C
Vinica
вторник, јули 1, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Мексико најавува тужба против компанијата на Илон Маск поради загадување од ракетни лансирања

    Претседателката на Мексико, Клаудија Шеинбаум, најави можни правни чекори против компанијата SpaceX на милијардерот Илон Маск, поради, како што вели, загадување и отпад кој паѓа на мексиканска територија како резултат на ракетни лансирања од САД, пренесува Гардијан. 

    На вчерашната прес-конференција, Шеинбаум изјави дека мексиканската влада прави „сѐопфатна ревизија“ на еколошките последици од лансирањата. Според неа, веќе се испитува кои меѓународни закони се прекршени, со цел да се поднесат „неопходните тужби“.

    „Има реално загадување“, рече Шеинбаум, додавајќи дека мексиканските институции се веќе ангажирани во правна анализа на ситуацијата.

    Американската Сојузна управа за авијација (FAA) во мај даде дозвола SpaceX да го зголеми бројот на годишни лансирања на ракетата Starship од пет на 25. Одлуката беше донесена и покрај предупредувањата на еколошки организации дека зголемениот интензитет на лансирања може да ги загрози морските желки и крајбрежните птици во областа.

    Само минатата недела, SpaceX се соочи со нов неуспех – ракета Starship експлодираше за време на рутински тест на локацијата „Starbase“ во јужен Тексас, веднаш до границата со Мексико.

    Ова не е прв судски спор на Мексико со американска корпорација. Во мај, мексиканската влада објави дека ја тужи компанијата Google, откако во верзијата на Google Maps за корисници во САД, Заливот на Мексико бил преименуван во „Залив на Америка“, по налог на извршна наредба потпишана од Доналд Трамп.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica