26.7 C
Vinica
понеделник, јуни 2, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

    Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.

    „Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што почна да ги користи придобивките од ншиот План за раст за Западен Балкан. Таа припаѓа во нашето европско семејство. Сега е неопходно да продолжи по патот кон ЕУ, напиша Калас на нејзиниот профил на платформата „Икс“.

    Калас за време на вчерашната посета на Скопје се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, а учествуваше на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана. Калас го посети и седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica