22.5 C
Vinica
вторник, јули 1, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ИСПИЈТЕ 3 ГОЛТКИ ОД ОВОЈ НАПИТОК И ПОКРЕНЕТЕ ГО ВАРЕЊЕТО: Ако страдате од гасови и надуеност, ОВА е она што треба да го пробате!

    Нормалното функционирање на дигестивниот систем е еден од предусловите за целокупното здравје и е клучен фактор за функционирање на организмот како целина. Затоа е важно да се обрне внимание на варењето.
    Имено, брзиот живот, вклучувајќи ја и таквата исхрана, се погрижиле проблемите со столицата да станат еден од главните здравствени проблеми на огромен број луѓе и симптом на модерното време.

    Овие три „помагачи“ ќе помогнат да се започне дури и најтврдокорното варење. Имено, трите напивки се како неочекувана сила што влегува во системот и носи олеснување.

    1. Млака вода и лимон
    Исцедете цел лимон во чаша млака вода и испијте го. Можете да го консумирате овој напиток и како превентивна мерка за да спречите лошо варење.

    2. Маслиново масло и лимон
    Голтнете една лажица маслиново масло, по желба разредено со природен сок од лимон. Овој домашен лек за започнување на варењето е најдобро да се консумира наутро или неколку часа по оброкот.

    3. Сода бикарбона и млака вода
    Измешајте половина мала лажичка сода бикарбона во чаша млака вода. Оваа намирница е позната со генерации како сојузник на лошото варење, но важно е да се напомене дека треба да користите само фармацевтска сода бикарбона без алуминиум, која можете да ја купите во аптеки или продавници за здрава храна.

    Забелешка: Рецептот не се препорачува за оние кои страдаат од чир на желудник!

    Овие совети се добредојдени кога варењето е толку бавно што му е потребна помош што е можно поскоро. А за да не се вклучи црвеното светло за аларм, не заборавајте да вклучите во вашето дневно мени:
    – вода
    – пробиотици
    – овошје и зеленчук богати со растителни влакна (грав, моркови, брокула, бобинки, портокали…)
    – цели зрна (јачмен, кафеав ориз, овес…)

    И не заборавајте да се движите, дури и ако станува збор само за десетминутна прошетка низ соседството.

    Фото: Архива

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica