21 C
Vinica
вторник, јули 1, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ЕУ гарантира 60 милиони евра за поддршка на мали бизниси во Северна Македонија, БиХ и Црна Гора

    Европската Унија обезбедува нова гаранција од 60 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, преку програмата „Гаранција за отпорност на МСП“ финансирана од ЕУ. Иницијативата има за цел да ја подобри пристапноста до поволно финансирање, да го поттикне растот на малите бизниси и да помогне во создавање и зачувување на работни места.

    Досега, преку оваа програма се ослободени 886 милиони евра поволни кредити за 15.000 компании во Западен Балкан, со очекување дека ќе се зачуваат вкупно 140.000 работни места.

    Во Северна Македонија, инструментот ќе мобилизира над 20 милиони евра за околу 125 бизниси. Во БиХ се предвидуваат 25 милиони евра за 150 компании, а во Црна Гора 15 милиони евра за поддршка на 100 мали и средни претпријатија. Севкупно, се очекува овие средства да придонесат за зачувување на речиси 5.750 работни места.

    Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), дел од Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), потпиша нови гаранциски договори во вредност од 4,8 милиони евра со Шпаркасе банка АД Скопје, Шпаркасе банка БиХ и Ерсте банка Подгорица, кои ќе овозможат ново портфолио од 60 милиони евра поволни кредити за МСП. Со координацијата ќе управува Ерсте и Штаермеркише банка од Хрватска.

    „Овие гаранции ќе овозможат кредити со пониски каматни стапки, намалени барања за обезбедување и подолги рокови на достасување, што ќе им помогне на компаниите да растат и да се прилагодат на пазарните предизвици“, изјави извршната директорка на ЕИФ, Марјут Фалкстед.

    Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, нагласи дека оваа поддршка е дел од пошироката стратегија на Унијата за економски раст и стабилност на Западен Балкан:

    „Овие гаранции директно ги поддржуваат целите на Фондот за реформи и раст, придонесувајќи за економска отпорност и поблиска европска интеграција“.

    Иницијативата е дел од Инвестициската рамка за Западен Балкан, а нејзиниот фокус е на поттикнување на претприемништвото, иновациите, зелениот и дигиталниот развој и инклузивниот економски раст. Од нејзиното основање во 2022 година, потпишани се договори со 18 финансиски институции низ регионот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica