18.3 C
Vinica
сабота, јули 12, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Демографски „удар“, најголем дел од општините со помалку новородени од починати

    Во Тетово и Струга се регистрирани помалку живородени деца, но Тетово во првите три месеци од годинава, сепак се „држи“ во зона на позитивен природен прираст. Конечните податоци на статистичарите покажуваат дека ланската година демографски е уште поразочарувачка од 2023, со негативен природен прираст од 4.140 повеќе починати од новороденипишува Порталб

    Состојба со новородени и природен прираст во Тетово, Гостивар, Струга, Дебар  

    Трендот на негативен природен прираст не запира. Државава се соочува со еден од најгорливите демографски проблеми – повеќе починати од новородени. Државниот завод за статистика (ДЗС) покажува негативни податоци и на почетокот на оваа календарска година и на крајот од минатата.

    На територијата на општина Тетово, која важи за една од поголемите според бројот на население, лани биле евидентирани 779 живородени деца, што е за 85 помалку во однос на 2023 година. И во општина Струга бројот на живородени е помал во однос на 2023, но со понезначителна разлика, лани биле евидентирани 475, а во 2023 г. 483 новороденчиња.

    Во општина Гостивар ланската година се евидентирани 500 живородени, што е 23 деца повеќе во однос на 2023 година. Овој тренд е регистриран и во општина Дебар каде лани биле родени 159 деца што е за 13 повеќе во однос на 2023 година, кога биле регистрирани 146 новороденчиња. Исто така и во Чаир лани биле родени 17 деца повеќе во однос на 2023 година.    

    „Порталб“ направи детален увид во статистичката база на ДЗС со цел да направи рангирање на општините со најголем и најмал број на новородени. Податоците покажуваат дека во 2024 година, во Скопје имало 5.498 живородени деца, од скопските општини најмногу деца се родиле во Чаир – 898 и Аеродром – 638. Надвор од скопскиот регион во 2024 најмногу живородени имало во Куманово 884, во Битола 651 и во Тетово 779. Од друга страна во Осломеј, Зајас, Другово, Вранештица лани не било евидентирано ниту едно живородено дете.

    Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 отсто, а најмало Источниот регион со 5.8 отсто. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.3 отсто, а најмало Североисточниот регион со 8.0 отсто – соопшти Заводот за статистика.   

     

    И на почетокот од годината „негативен природен прираст“

    И покрај тоа што во дел од општините е регистриран пораст на бројот на новородени, новите податоци за првото тримесечје од годинава покажуваат дека најголем дел од општините се соочуваат со негативен природен прираст – повеќе починати отколку новородени.

    Во првите три месеци од оваа година во Општина Тетово, во која на годишно ниво има помал број на живородени деца, сепак е позитивна „зона“ со природниот прираст, со 24,  Дебар  со 2, а Чаир со 36 новородени повеќе во однос на починати.

    Но состојбата со негативниот природен прираст доминира кај најголем број од општините во државата. Во Гостивар во првиот квартал негативниот прираст изнесува 48 лица, а во општина Струга 13. Во првиот квартал од годинава Скопје. Куманово, Прилеп, Битола и Велес се со трицифрен број на негативен прираст додека во позитивна зона се Сарај, Чаир, Шуто Оризари, Гостивар, Арачиново, Дебар, Желино, Петровец, Тетово, Сопиште, Чашка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica