9.7 C
Vinica
среда, април 2, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

    Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните мрежи. Сите вести ќе се оценуваат дали се позитивни, негативни или неутрални, а ќе се прибираат и податоци за авторите.

    Во техничката спецификација на тендерот, објавена на страната на Бирото за јавни набавки без предвидениот буџет, стои дека фирмата која ќе биде избрана треба да овозможи услуга за оценка на медиумското влијание или клипинг, селекција, изработка и дистрибуција на објави во печатените, електронските, интернет медиумите и на социјалните мрежи. Софтверот треба да овозможи податоци за медиумот кој ја објавил веста и име на авторот на веста.

    „Веб пристапот до објавите 24 часа на ден треба да обезбедува можност за пребарување, обележување на клучни зборови во објавата, прикажување на оригиналниот извор со линк, можност за изработка на извештаи, можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација, онлајн квантитативна аналитика на објавите по одредени параметри“, стои во техничката документација на тендерот.

    Извор: Биро за јавни набавки

    Владата бара информации во реално време, веднаш по нивното објавување, а најмногу два часа по објавата, модул за вештачка интелигенција како и мобилна апликација за сите видови паметни телефони.

    Извор: Биро за јавни набавки

    Исто така, бара да има дневен извештај за тековниот ден најдоцна до 9 часот наутро следниот ден каде ќе бидат собрани сите податоци, кои теми се обработувани, од кои медиуми, кога е објавено, линк до објавата, наслов, автор, кратка содржина, транскрипција на видео прилози итн. Ќе се мониторираат медиумите и објавите на социјалните мрежи и на македонски и на албански јазик.

    Во истиот тендер, Владата бара и услуга за конверзија на говор во текст на македонски јазик и истата да може да се користи без пристап на интернет, односно off-line.

    Извор: Биро за јавни набавки

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica