22.5 C
Vinica
вторник, јули 1, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Бесплатен превоз за средношколците за време на летниот распуст

    Средношколците од Скопје и ова лето ќе имаат можност да го користат јавниот превоз бесплатно за време на летниот распуст. Како што информираат надлежните, оваа поволност е предвидена со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование за 2025 година.

    „Со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука“, се вели во соопштението.

    Од ЈСП Скопје потсетуваат дека од среда, 11 јуни, јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред. Распоредот на движење на возилата на сите линии – градски и приградски – е достапен на официјалната веб-страница на претпријатието.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica