19.6 C
Vinica
петок, мај 9, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    АХВ изрече забрана за вршење дејност на прифатилиште за бездомни кучиња во струмичко

    По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровел вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко, информираат оттаму. Како што објавува АХВ, поради утврдени недоследности инспекторите издале времена забрана за заловување, вршење интервенции и третман на бездомни кучиња, се до исполнување на условите согласно Законот за заштита и благосостојба на животни.

    „Утврдени се низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција. Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња“, наведено е во соопштението од АХВ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica