Прво место на меѓународниот турнир „Али Алиев“ во категоријата 97 кг. освои македонскиот борач Могамедгаџи Нуров.
Нашиот репрезентативец со четири победи влезе во финалето на силниот турнир во Касписјк, Дагестан-Русија.Во финалната борба Нуров се бореше против Г. Тажудинов од Русија, победникот на Хасајуртовскиот турнир, кој во последните секунди го победи европскиот и светскиот првак Балтукаев од Чеченија, Русија.
Во финалето Нуров покажа одлична борба и убедлива победа со резултат 6:1 против Тажудинов.
Уште еден успех е запишан за македонското борење, на „Президент Купот“ во Белград, Србија, Бојана Лазаревска го освои третото место.