21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Започна дводневното одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

    Вечерва со концерт на гудачкиот ансамбл „Антео”, во црквата Света Софија во Охрид, отпочна дводневното одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

    На концертот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на „Охридско лето” Наташа Поповиќ, пратеници, професори, научници, лингвисти, книжевници.

    Ансамблот „Антео”, изведува музика на светот и ја инкорпорира во македонското звучно милје во кое се вткаени традицијата и современоста.

    Музика која е авторска, но која во себе содржи влијанија од музиката родена под поднебјата на Франција, Шпанија, Балканот – или спој од западните класични вредности во фузија со богатиот фолклор на различните народи кои живеат и творат на македонската почва.

    „Антео” свират музика со жар и страст, со разновидна ритмика и впечатливи мелодии кои создаваат слика на живописен пејзаж.

    Во Охрид – балканскиот Ерусалем и седиштето на Охридската Архиепископија, преку низа настани ги празнуваме ликот и делото на основоположниците на словенската писменост, Светите Кирил и Методиј и нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија.

    Овој голем ден се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет, како ден на културата и просветата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.