ПСЖ одигра 1:1 против Стразбур во последното коло од Лига 1 и така ја прослави шампионската титула.
Единствениот гол за Парижаните го постигна Лионел Меси по асистенција од Килијан Мбапе кој по натпреварот се најде во интересна ситуација.
Имено, Мбапе на загревањето пред натпреварот ненамерно пгооди една девојка на трибините со топка во лице. Лицето на девојката се раскрвари, а Французинот веднаш истрча да провери дали е се во ред. Мабпе ја одведе девојката и до докторската екипа која и помогна да го запре крварењето.
Не ја заборави Мбапе девојката и по натпреварот, па така додека неговите соиграчи ја славеа титулата, тој дојде до девојката ја прегрна и ѝ го подари неговиот дрес.