На „Тиквешки гроздобер“ ќе настапат Лепа Брена, Дарко Лазиќ,Харис Џиновиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена.
Програмата содржи карневалско дефиле, културни настани, изложба на олдтајмери, мото рели, таблијада, огномет. „Тиквешки гроздобер“ ќе се одржи од седми до десетти септември.
– За време на фестивалот ќе се обрне внимание на тоа да се опфатат активности за сите генерации, со зачувување и негување на традициите и обичаите типични за Тиквешкиот лозаро – винарски регион, пишува во програмата.
На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.