Тимот на Макпрогрес е во Келн, Германија на ,,најслаткиот” саем во светот кој започна од 28.01.2024 и ќе трае до 31.01.2024. Како компанија со интернационално портфолио и оваа година успешно се претставуваме со нашите брендови Vincinni и Donia како и новитетите кои следуваат наскоро на пазарот за нашите потрошувачи.
Задачата на тимот во Келн е да го задржи првото место во извоз на кондиторски производи од Македонија како и до сега и да направи раст поголем од минатата година.