21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Шефот на OpenAI: ChatGPT може да престане да работи во Европа

    Компанијата OpenAI, која го произведе системот на генеративна вештачка интелигенција ChatGPT ќе ја напушти Европа ако не може да се усогласи со најавената регулатива на ЕУ.

    Шефот на OpenAI, Сем Алтман на еден настан во Лондон изјавил дека неговата компанија прво ќе се обиде да се усогласи со идниот закон на ЕУ за вештачка интелигенција (AI), пренесува „Reuters“.

    „Актуелниот нацрт закон на ЕУ за вештачката интелигенција премногу ја регулира оваа сфера, но слушнавме дека ќе биде повлечен“, рекол тој.

    Алтман смета дека на овој закон треба многу да се работи, а не ја исклучил ни можноста за заминување на OpenAI од Европа.

    Европските парламентарци овој месец се усогласиле за нацрт законот за AI, но за деталите сè уште ќе се разговара на различни нивоа, потсетува британската агенција.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.