21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Се одмрзнуваат цените на основните прехранбени и хигиенски производи

    Со летните температури се стопија замрзнатите цени во земјава. Од четврток (1 јуни) повеќе нема да важи мерката на владата за замрзнати цени на дел од земјоделски производи, но и за белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните проиозводи, а се одмрзнуваат и цените на хигиенските производи, како пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња, хигиенските влошки

    „Согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониско од нивото на замрзнаување кое сме го имале претходно. Ако во случај, од денот кога нема да важи таа одлука за замрзнување, има злоупотреба од страна на трговците, ние на дневна база ја следиме ситуацијата и секако дека ќе следат различни мерки“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

    Но одмрзнувањето на цените, вели Бектеши, не исклучува можност доколку се покаже како потребно да се активираат други мерки.

    „Ви делот на различни мерки секако дека ние на дневна база ги правиме тие анализи и секогаш можат да се усвојат. Тоа ќе го направиме секако во соработка со стопанските комори“, вели Бектеши.

    Земјоделските производи чии цени од 1 јуни ќе зависат од пазарните параметри на побарувачката и понудата, но и од увозната цена и од домашните дистрибутери, се доматот, краставиците, кромидот, зелената пиперка, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимонот, гравот, леќата.

    Непродолжување на мерката за замрзнати цени на основните производи, како што објасни Бектеши, се должело, меѓу другото и на наглиот пад на инфлацијата во земјава, особено на прехрамбените производи. Очекувањето на министерството за економија е инфлацијата во јуни да биде под 10 посто, а Бектеши дури е оптимист дека вкупната инфлација за целата година ќе биде пониска од проектираната.

    Инаку проценките на Народната банка се дека годинава инфлацијата ќе бележи забавување и сведување на едноцифрено ниво и ќе биде во интервал од 8 до 9 проценти.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.