21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    РУДНИК САСА го започна едукативниот дел од проектот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“

    Со презентација за учениците од основното и од средното училиште во Македонска Каменица, на возраст од 14 до 18 години, започна реализацијата на едукативната компонента од локалниот проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот, што е резултат на соработката меѓу Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи.

    Целта на ваквите едукативни презентации кои ги спроведуваат вработени во Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип, е запознавање на младите жители од локалната заедница со сообраќајните правила и прописи, начинот на однесување и мерките што треба да ги преземат заради зголемување на својата и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Покрај за учениците, во рамки на овој проект ќе се одржат и едукативни работилници за вработените во Рудник САСА. Сите учесници во овие едукативни работилници ќе добијат и брошура која ги содржи основните правила, совети и препораки за безбедно однесување во сообраќајот.

    Овој проект е поттикнат од зголемениот број сообраќајни несреќи што се случија во изминатите неколку години во кои беа повредени или животот го загубија жители на Македонска Каменица.

    Овој Проект е поттикнат од зголемениот број сообраќајни несреќи што се случија во изминатите неколку години во кои беа повредени или животот го загубија жители на Македонска Каменица. Имено, во изминатите нешто повеќе од пет години, на територијата на општина Македонска Каменица, во просек беа регистрирани речиси по две сообраќајни незгоди месечно и по една жртва годишно.

    Инаку, реализацијата на Проектот започна на 19. Ноември – Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, со информативна кампања под слоганот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“.

    Статистиката на Обединетите Нации покажува дека повредите во сообраќајот на патиштата ширум светот се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 29 години. Глобално, повеќе од 1,35 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи, а повеќе од половина од сите смртни случаи во сообраќајот се пешаци, велосипедисти и мотоциклисти.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.