21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Препораки за деновите со екстремно високи температури

    Топлотниот бран и екстремно високите температури полека ја зафаќаат територијата и на Македонија.

    Од Центарот за јавно здравје Охрид се апелира колку што е можно да се избегнува излегување надвор од 10 до 17 часот, а граѓаните да ги завршуваат неопходните обврски пред 10 часот и после 17 часот.

    Во продолжение прочитајте неколку од препораки:

    • Во препораките од Центарот се и избегнувањето на напорни физички активности, спорт и реакреативни активности, климатизирање на просториите и затворање на прозорците и ролетните во текот на денот. Отворањето на прозорците и проветрување на домот да се прави навечер или рано наутро.
    • Доколку е неопходно граѓаните да престојуваат на отворено, се препорачува да избегнуваат директна изложеност на сонце и почесто да одмораат на сенка.
    • Препорачано е да се носи светла и лесна облека изработена од природни ткаенини, да се носат заштитни очила и капа.
    • Зголемете го количеството на внесување на течност односно вода.
    • Внесувајте помало количество храна која нема да биде мрсна и високо-калорична.
    • Туширајте се со студена вода, ставајте студени облоги и држете ги нозете во студена вода.
    • За возачите и патниците се препорачува отворање на прозорец за да може воздухот да вентилира. Не оставајте никого во возилото!
    • За хронично болните со срцеви, белодробни и невролошки болести се препорачува строга дисциплина и почитување на препораките. Доколку настане каква било промена на здравствената состојба, консултацијата со вашиот матичен лекар е задолжителна!

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.