17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Повлечен учебникот по Историја и општество за петто одделение

    Поради грешки во содржината, учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба.

    Од Министерството за образование и наука (МОН) веќе е објавен повик за формирање авторски тим за изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5 јуни.

    Повлекувањето доаѓа откако поради грешките во учебникот кои беа увидени во декември лани – само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН потоа информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

    Од Министерството тогаш побараа од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.