Во рамките на подготовките на публикација за новите сознанија за теракотните икони, директорката на музејот Теракота Јулијана Иванова и авторката на книгата, Магдалена Манаскова, го посетија др. Коста Балабанов, еден од првите истражувачи на археолошкиот локалитет Виничко Кале. Коста Балабанов, еден од иницијаторите за отворање на музеј во Виница, во десеттата деценија од својот живот, се’ уште активно работи во сферата на неговиот професионален интерес. Автор на над 200 стручни и научни трудови и 24 книги, др. Балабанов отстапи исклучително вредна, до сега непубликувана фото документација за потребите на музејот, како и за новата музејска публикација чие издавање и промоција се во завршна фаза. Книгата во издание на музеј Теракота е финансирана од Општина Виница.