17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Nothing Phone (2) доаѓа уште во јули

    Phone (1) ги воодушеви корисниците со својот дизајн, но не ’заживеа’ како што се очекуваше. Nothing сака тоа да го промени тоа со претстојниот Phone (2), кој ќе биде подобрен во однос на спецификациите и перформансите

    Не е тајна дека Nothing го подготвува својот нов паметен телефон, Phone (2), кој на корисниците треба да им овозможи перформанси достојни за флегшип уред, препознатлив проѕирен заден дел со LED диоди и да ги исправи проблемите што ги имаше неговиот претходник.

    Иако точниот датум на претставување на Phone (2) се уште не е објавен, извршниот директор на Nothing, Карл Пеи во интервју за Форбс потврди дека глобалната презентација ќе се одржи веќе овој јули.

    Во врска со спецификациите, Пеи напомена дека новиот мобилен телефон на Nothing ќе има малку поголема батерија од неговиот претходник. Имено, претстојниот Phone (2) ќе има батерија со капацитет од 4.700 mAh, што е за 200 mAh поголема од онаа во Phone (1).

    Дали тоа ќе влијае на автономијата останува да се види, бидејќи Пеи уште во март рече дека Phone (2) ќе се напојува со Snapdragon 8+ Gen 1 SoC на Qualcomm, кој е познат по прегревање и неефикасност на напојувањето.

    За потсетување, Nothing Phone (1) беше претставен минатата година со 6,55-инчен OLED екран од 120 Hz, Snapdragon 778+ чипсет поврзан со 8 или 12 GB RAM и 128 или 256 GB интерна меморија и систем со двојна камера. со два 50 мегапикселни сензори. Телефонот пристигна на пазарот со Nothing OS базиран на Android 12, а според ветувањата на компанијата ќе добие три големи надградби на Android и четири години безбедносни закрпи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.