21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Инклузијата на децата Роми и понатаму високо на листата на приоритети во сферата на социјалната и детската заштита

    Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставниците од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ и претставниците од Ромскиот Ресурсен Центар, при посетата на детската градинка “Астибо” во Штип, го поздравија имплементирањето на Проектот за проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно образование.

    Главна цел на проектот е што поголема инклузија на деца Роми во предучилишното образование и истиот ќе се реализира  во Дебар, Тетово и Штип.

    Во рамките на проектот, предвидени се и работилници со родителите на вклучените деца и персоналот од детските градинки.

    Проектот е финансиран од Ромскиот образовен фонд и Европската Унија.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.