17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денеска се одбележува Националниот ден на Власите

    На 23-ти мај се одбележува Националниот ден на Власите. На овој датум во 1905-та година е издадени декретот од Отоманската империја, со којашто Власите се признаени како посебен народ, со своја култура, јазик и идентитет…

    Државниот врв испрати честитки до припадниците на оваа заедница. Претседателот Пендаровски, напиша дека обврска на земјава е да продолжи да го чува, развива и да го промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.

    Собранискиот спикер Џафери рече дека сега, повеќе од кога било порано, е потребно да се сплотиме.

    Премиерот Ковачевски, пак, вели дека со промовирањето на принципите на толеранција, доверба и почитување, Власите имаат огромен придонес во изградбата на нашата држава како едно општество за сите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.