24.3 C
Vinica
недела, јуни 22, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ваучерите од 250 евра за студентите за купување на електронски уреди ќе бидат доделени од наредната академска година. Ваквата мерка за прв пат беше изненадно најавена во октомври минатата година.

    Мерката ќе ги опфати и новозапишаните студенти, откако ќе го заверaт првиот семестар.

    „Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди,“ изјави Мицкоски.

    Премиерот додаде дека бројката на студенти кои би можеле да ја користат оваа помош е околу 55 илјади, како на државните, така и на приватните универзитети.

    Тој порача дека Владата стои зад ветувањата и најави дека оваа поддршка ќе стане реалност веднаш по стартот на новата студентска година.

    Во октомври 2024 година, на почетокот од новата академска година, премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите студенти во земјата ќе добијат ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica