24.3 C
Vinica
недела, јуни 22, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Мит и стварност“ – нова книга од Паскал Гилевски

    Книгоиздавателството „Панили“ објави нова книга од еден од најдаровитите и најсестрани македонски автори, Паскал Гилевски.

    Насловена „Мит и стварност“, книгата е сублимат и синтеза на неговото шестдецениско творечко – преведувачко и критичарско искуство и претставува значаен влог и за есеистиката и критиката во Македонија, воспоставувајќи толкувачки координати со книжевни великани на кои Гилевски претходно им има посветено големо внимание проучувајќи го нивното творештво.

    – Паскал Гилевски е пасиониран вљубеник и одличен познавач на творештвото на овие автори. Преводите на делата на големите светски писатели, тој ги проследува со критичко-есеистички толкувања. Благодарение на неговата преведувачка дејност,како и неговата упатеност во литературата, тој ја создал книгата „Мит и стварност“, која ќе заземе посебно место во областа на критиката и есеистиката. Всушност, „Мит и стварност“ е дело на голем зналец е исклучително упатен писател во француската, грчката, унарската литература и македонската литература, пишува Иван Антоновски.

    Во посебно поглавје од книгата „Мит и стварност“, Гилевски инспиративно пишува за култната поема „Сердарот“ од Григор Прличев, за романите „Уткини соседи“ од Божин Павловски, „Црна билка“ од Ташко Георгиевски, „Зора зад аголот“ од Димитар Солев и др.

    Паскал Гилевски (1939, Сетома, Егејска Македонија) е раскажувач, романисер, поет, есеист, критичар и преведувачПо Граѓанската војна во Грција, од 1948 до 1956 година живеел во Унгарија, а потоа се преселил во Скопје. Завршил прв степен на Академијата за ликовни уметности во Белград, како и Филозофски факултет во Скопје. Работел како ликовен рецензент во весниците „Нова Македонија“ и „Вечер“. Од 1999 до 2002 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а бил и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Некое време живеел во Париз, а престојувал и во Италија, Англија, Холандија, СССР, Чехословачка, Египет, Сирија, Јордан итн. Гилевски е член на Унгарската академија на науките и уметностите, Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1970 година).

    Заедно со Ташко Ширилов, во текот на 1971/1972 година, Гилевски бил основач и уредник на весникот „За македонцките работи“, а потоа и на ревијата „Огледало“. Според неговиот расказ „Глава“, снимен е краткометражен филм, во продукција на „Вардар Филм“. Неговите песни и раскази се преведени на повеќе јазици, и тоа: српскохрватски, унгарски, грчки, италијански, француски, турски, словенечки, полски, англиски, украински итн.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica