Во рамки на својата психосоцијална програма за поддршка на заедницата во Кочани и околните места, по пожарот во дискотеката Пулс, центарот за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) – Малинска, организира посета од делегација од Гетеборг, која ќе ги сподели своите искуства од пожарот во Шведска со жителите на Кочани. Оваа иницијатива, Патот на задравување, е поддржана од Јуроп хаус Скопје, Шведската амбасада, Општина Кочани и Сапорт Кочани.
Сапорт Кочани на нивниот инстаграм профил објавија дека Кочани ќе биде домаќин на седумчлената делегација од Гетеборг која ќе го прене своето искуство од слична трагедија – пожар во дискотека што и во нивното општество оставило длабоки траги.
View this post on Instagram
Во врска со оваа програма „Види Вака“ објави дека ќе присуствуваат социјални работнички, пожарникари и преживеани од пожар во дискотеката.
View this post on Instagram